Викендов свадба правеа манекенката Тамара Чуприна и фудбалерот Дарко Велковски. Дарко и Тамара официјалната процедура во матично ја поминаа пред повеќе од една година, а вчера правеа свадба која беше со сите традиционални македонски обичаи.
Невестата за посебниот ден смени две венчаници, една за дневната церемонија и во црква и една за вечерната прослава.