Фудбалерката со „најдобар задник на светот“ атрактивната Алиша Леман добила неочекувана понуда од „Onli Fansa“ од 100 000 долари за година.
Сексапилната Швајцарка првпат стана позната во јавноста во 2018 година кога потпиша за Вест Хем, а сега е во Астон Вила.
Неодамна, 24-годишната девојка добила интересна понуда од Only Fans, популарна страница за возрасни која и нуди 100.000 долари годишно.
Според понудата сексапилната фудбалерка треба да отвори профил на нивната страница каде што ќе објавува фотографии од тренинг и ексклузивни материјали, но таа категорично ја одбила оваа „непристојна“ понуда.
– Работам напорно секој ден, сакам да бидам што подобра фудбалерка на зелениот терен, а многу луѓе социјалната страна од мојот живот ја гледаат само преку Инстаграм. Давам се од себе на тренинзите, сакам да бидам најдобра во светот. Мојата цел е да ја пренесам пораката дека можеш да бидеш што сакаш додека играш фудбал. Грижата за себе, шминката, лакот или обликувањето на веѓите не му пречат на фудбалот – изјави Алиша.