Поранешната сопруга на швајцарскиот фудбалски репрезентативец Блерим Џемаили, кој е роден во тетовско Боговиње, манекенката Ерјона Сулејмани, објасни зошто се развела од него.
Ерјона секаде го следеше својот сопруг и го привлекуваше вниманието каде и да се појавеше. За време на Европското првенство во 2016 година беше прогласена за најатрактивна навивачка на турнирот, но набрзо дојде крај на нивната љубов, а Ерјона отворено зборуваше за тоа.
-Односите во кревет пред мечевите? Фудбалерите не се баш некои љубовници во креветот. Тие повеќе тоа сакаат да го прават сами, изјавила Ерјона, а Џемаили по ова станал главна тема на социјалните мрежи, а дури и се шегувале со него соиграчите во соблекувалната.
Атрактивната Албанка воедно откри како се запознале.
-Го запознам за време кога станав мис на Албанија. Кога ми рече дека е фудбалер, си помислив: Леле, не сакам да бидам со тебе. Денеска, кога сум слободна и среќна жена, сфатив колку е тежок животот на сопруга на фудбалер. Го жртвуваш својот живот, менуваш држави, градови, работи. Тој е татко на моите деца и го почитувам. Му посакувам да постигне се што замислил, ама веќе не го сакам. Не знам зошто хомосексуалоста и во денешно време се уште е проблем. Мислам на фудбалот и општо. Во фудбалот има многу хомосексуалци“, рекла Ерјона.