Поранешниот портпарол на ФК Шахтјор, Руслан Мармазов, раскажал една интересна анегдота од времето кога легендарниот фудбалски експерт Мирчеа Луческу го водел тимот.
ФК Шахтјор бил на подготовки во Шпанија, а на фудбалерите очигледно им било здодевно во хотелот, па одлучиле да се забавуваат.
„На играчите на подготовките во Шпанија им беше здодевно и поради тоа повикаа проститутки во хотелот. Мирчеа некако дознал за нивниот план и се појавил баш кога гостите пристигнале. Сите биле изненадени и очекувале лекција од страна на тренерот кој во тој момент мирно рекол: Момци, платете им на девојките да си одат и легнете си“, изјавил Мармазов.
Мирната реакција на искусниот експерт ги оставила играчите без текст. Тие очекувале казна поради скандалот, но сепак нивниот тренер само ги испратил на спиење.
Луческу од 2004 до 2016 седеше на клупата на клубот од Доњецк, а сега го води Динамо Киев.