-Побарувачката на различни заедници за влегување во Уставот е многу голема и треба да видиме кој сѐ смета дека треба да влезе во Уставот како делови од народи и малцинства. Кога е веќе свадаба дајте и музика нека има.Отварањето на Уставот е тешка работа и не може да се прави во секое време, – вели проф. д-р Љубомир Фрчкоски, во Утрински брифинг.
Во врска со барањата на Албанците за укинување на квотата 20 отсто, тој објаснува дека сега не може да се менува Охридскиот договор.
-Албанците со барањето за укинување на квотата 20 отсто, сакаат да постигнат рамноправност на албанскиот и македонскиот јазик. Но, не може сега да се менува Охридскиот договор. Дури сега ќе видат Македонците колку за нив е важен Охридскиот договор, – вели Фрчкоски.