61-годишниот доктор по општа пракса Ален Коломби од Франција, се фотографирал гол, а фотографијата ја објавил на социјалната мрежа за да укаже на “неодговорниот недостаток на опрема“ и заштита на здравствените работници кои што се третираат како “топовско месо“ во борба против коронавирусот.
На фотографијата Коломби е гол до појас, со стетоскопски слушалки на ушите и со бел појас околу главата и левата надлактица на кои пишува “топовско месо“, а од агенцијата АФП објасниле дека преку ова тој “истапува во одбрана на своето семејство – здравствените работници“.
„Го осудувам неодговорното однесување кон Ковид-19, а на неговата опасност предупредувам уште од крајот на февруари“ – вели овој доктор појаснувајќи дека фотографијата ја објавил од гнев и силни емоции.