Французинката Мари-Елена, била приведена на 27 август во индиската држава Утаракханд. Полицаецот Р. К. Саклани за Си-Ен-Ен изјави дека обвинетата го снимала видеото за да го промовира својот бизнис со продажба на накит.
“Таа го снимаше видеото на мостот Лакшман Џула, што се смета за свет. После тоа, таа направи неморална фотографија во хотелот. Таа беше гола на фотографиите, а подоцна ги објави на Инстаграм”, рече Саклани.
Полицијата добила извештај за фотографиите кога некои верници го препознале мостот на фотографиите и видеата, а локален советник исто така поднел кривична пријава против неа.
Лакшман Џула е висечки мост кој се наоѓа на околу пет километри северно од градот Ришикеш.
Саклани рече дека на видеото жената прво носела шал, но подоцна го соблекла и била снимена гола, со грбот свртена кон камерата.
Мари-Елен во моментов е пуштена со кауција. Таа е обвинета за недолично однесување на јавно место и за објавување непристојни содржини.
Мари-Елен, наводно, дала изјава за француската новинска агенција АФП, велејќи дека таа „делумно се соблекла на мостот затоа што секогаш кога ќе го преминувала се чувствувала лошо, како да била малтретирана“.
“Жал ми е што и наштетив на локалната заедница со своите постапки. Не ги зедов доволно предвид локалните специфики”, изјавила таа.