Актерот Дритон Вејсели, или познат кај македонската јавност во ликот на Талат од серијата „Преспав“, дефинитивно ги освои срцата на сите љубители на филмската индустрија.
Неговата популарност му годи, како што кажа во телевизиските интервјуа, а актуелен е и на социјалните мрежи каде поставува фотографии.
Дритон постави и една фотографија од неговото детство, а истата предизвика лавина коментари и реакции на Инстаграм.