Познатата водителка и автор на неколку дела, Сузана Турунџиева, деновиве се наоѓа на одмор во Крушево. Највисокото гратче на Балканот е полно со туристи, а има и многу снег, што секако е прекрасна вест за туристите и рекреативните скијачи.
Таа во Крушево е со нејзината ќерка и сопругот, кои го рекоа судбоносното „да“ минатото лето. Според фотографиите, очигледно е дека семејството ужива во зимската идила на Крушево.