Вчера во Крушево беше одбележан роденденот на македонската поп-икона, Тоше Проески, во неговата спомен куќа на Гумење.
Голем број обожаватели дојдоа во Крушево, да му оддадат почит и да ги испеат неговите најголеми хитови. Елена Ристеска беше присутна во Спомен куќата на Тоше Проески и со голема емоција ги пееше неговите песни.
Сепак, најтешко им е на неговите најблиски, а неговата сестра, Дора Проеска однесе торта на гробот на нејзиниот брат.
Таа му направи убава голема торта, со нацртана детелинка со четири листа – што означува среќа…