Македонскиот шоумен Игор Џамбазов во својата кариера промени многу стилови и многу имиџи. Еден период од животот имаше долга коса, па потоа ја скрати, па потоа повторно ја врати на долга коса.
Во 2011 имаше нормална должина на косата и без брада, но актерските улоги си го направија своето – да мора повторно да менува имиџ. Џамбазов периодов е во Дојран, каде се гледа дека има душевен мир, но очигледно е дека му треба сериозно шишање и бричење на брадата.
„Стварно имате бербер у комшии“, напиша Џамбаз, кој сигурно ќе ја скрати брадата и косата.