Египетските власти соопштија дека се откриени неколку древни погребни простории, гробници во пустинската област Миња, јужно од Каиро, каде се наоѓаат 50 мумии.
Според информациите, гробниците припаѓале на семејство од средната класа кое веројатно живеела за време на Птоломеј, на почетокот на римската или византиската ера.
Тие се пронајдени во просторија која е девет метри под земјата. Мумиите се во добра состојба, а меѓу нив има и десетина мумии на деца.