Не запираат ангажманите на атрактивната водителка Лила Филиповска пред Нова година.
Таа постојано е растрчана, а се чини дека не може „глава да крене“ од снимање реклами. Овојпат, таа рекламираше колачиња „медењаци“, во опуштено домашно, но секси издание.
„Недела…ден за мене, поминат во пижами , некоја добра серија и ….по некое слатко задоволство па ако е срце нека биде медено и тоа со вкус на портокал . Мене тие ми се омилени за вас не знам“, напиша таа на својот Инстаграм профил.