Минусните температури донесоа снег во повеќе места низ Македонија, а не останаа имуни на тоа планинските предели.
Едно од најубавите планински градчиња, Крушево од вчеравечер е завеано со многу снег. Фотографиите што постојано се поставуваат на социјалните мрежи, јасно даваат до знаење за убавината што ја пружа овој град.
Во приватните сместувања постојано се бара кревет повеќе, а полни се и хотелските капацитети, но и места речиси и да нема во приватните вили.
Снежната покривка е од голема придобивка за крушевчани, но и за сите љубители на зимските пејсажи.
Фото – Фејсбук – Викенд во Крушево