Македонија има катастрофални патишта, а тоа се покажало во многу наврати, а состојбата на патните правци е често мета за сеир на досетливите момчиња.
Неколку момчиња од струмичко Ново Село решиле посериозно да се пошегуваат со одговорните органи, откако при една огромна дупка на патот решиле да „ловат“ риба, со јадици, се професионално.
Само прашање е дали ваквите сериџиски работи ќе допрат до оние одговорни луѓе кои се надлежни за патиштата низ Македонија.