За време на доделувањето на Оскарите, еден фотограф поминал покрај Лејди Гага и се сопнал од нејзиниот фустан. Пејачката се изненадила, притрчала и му пришла да го праша дали е во ред.
Со оглед на тоа што, за жал, ретко која светска ѕвезда го прави ова, видеото привлече внимание на социјалните мрежи.
„Иако ова е мал знак на внимание, мора многу да му значи тоа што му пријде“, напишал еден корисник на Твитер.
„Приземна жена, не глуми битна личност“, додал друг.
До последен момент не се знаеше дали Лејди Гага воопшто ќе се појави на Оскарите. Таа изведе скратена верзија на синглот „Hold My Hand“ од филмот „Top Gun: Maverick“, кој доби Оскар за најдобра песна.
Иако на црвениот тепих се појави со тешка шминка, на настапот се појави природно.