На социјалните мрежи масовно се споделува фотографија од едно детенце од Босна и Херцеговина кое седи само покрај автопат и плаче затоа што некои повозрасни деца му ги украле капините што ги набрало во шумата за да ги продаде.
Фотографијата ја направил Селмир Шљивиќ, кој на Фејсбук напиша дека тој прв го забележал расплаканото дете и дека немал срце да го одмине.
„Продавач на капини на патот М18, Брлошци, општина Кладањ. Тој плаче затоа што некои момчиња ги пробале неговите капини, ги украле и побегнале. Јас застанав и не е важно што направив, но ги проколнав и овие и сите оние коишто крадат пари, живот, љубов,живот. Таткото на Бекрија е невработен, а неговата мајка вели дека е постојано по доктори, болна. Какво дно достигнавме како општество, кога децата се принудени да работат, а не да бидат заштитени и дека сè уште им го крадеме тоа малку што ќе го заработат. Срам ми е, а помагам колку што можам. Малото момче престана да плаче и има уште еден сад за продажба“.
По приказната бројни луѓе нудат помош и донации за сиромашното семејство.