Кармен Електра, поранешната зајачица и ѕвезда на серијата „Чувари на плажата“ (51), во текот на 90-тите стекнала светска слава.
Жената по која мажите воздивнувале и водела бурен приватен и емотивен живот – Кармен Електра.
Новите фотографии од Кармен Електра сугерираат дека поранешната актерка поминува низ тежок животен период.
Од папарацо фотографиите започнале шпекулациите на корисниците на социјалните мрежи дека Електра се соочува со приватни проблеми и дека нејзините фотографии на Инстаграм и оние од медиумите се два различни света.
Да ве потсетиме, актерката пред четири години била во центар на внимание во јавноста кога по долга пауза објавила низа фотографии на кои била гола. Сакала да биде провокативна до крај, па не ги скрила ниту интимните делови од телото.
Кармен пред неколку години го издала прирачникот „How To be Sexy“ за да им помогне на жените ширум светот да се сакаат себеси и своето тело.