Бјанка Ценсори нема срам да се појави гола во јавноста, а сето тоа го прави поради тоа што има тело кое предизвикува љубомора кај многу од девојките.
Облечена, во бел, проѕирен комбинезон под којшто не носи ниту градник ниту гаќички, таа повторно се појавила во придружба на Канје Вест.
И, додека секој дел од нејзиното тело се оцртува под проѕирната ткаенина, Бјанка била сигурна и самоуверена.
„Оваа жена обожува да шета гола“, заклучиле многумина од луѓето.
Фитнес гуруто Даниел Херман вели дека клучот на добриот изглед на Бјанка лежи во мускулестото и затегнато тело.
„Таа сигурно вежба како луда, но и внимава што јаде. Важна улога во сето тоа има и генетиката, така што сѐ е важно“.
За да има толку тесен струк, а притоа и заоблени колкови и гради, таа сигурно прави стомачни вежби кои буквално го вајаат телото.
Веројатно и трча и вози велосипед, крева тегови… За многумина вака затегнатиот и цврст задник е невозможно да го постигнат, но на Бјанка тоа ѝ оди од рака. Тренинзите за сила помагаат во обликување на телото, но исто така го забрзуваат метаболизмот, помагаат во губење на мастите.
Даниел Херман тврди дека вежбањето не е доволно за да имате тело како Бјанка Ценсори. Мора исто така да внимавате на исхраната, да јадете здрави намирници, овошје, зеленчук и житарки. Треба да избегнувате преработена храна, солени и слатки грицки и прекумерно консумирање алкохол.
Луѓето блиски до Канје Вест тврдат дека тој за неа има строги правила и дека Бјанка не мисли со своја глава. Наместо тоа таа му се покорува на раперот затоа што тој ја убедил дека тие двајца имаат „кралски статус“.
„Канје има низа правила за Бјанка кои подразбираат во јавноста никогаш да не зборува и да носи тоа што тој сака да носи“, вели извор до парот.
„Од неа исто така се бара да јаде само одредени намирници и да вежба, иако Канје тоа не го прави“.