Кралот Чарлс воведе нова рутина во своето секојдневие – Дејли Мејл открива дека британскиот монарх почнал да руча, откако цел живот го прескокнувал средниот оброк, наводно сметајќи го за луксуз.
Фотографиите од неговиот наводно прв ручек се шират низ Интернет, а Британците одат чекор понатаму, тврдејќи дека тоа е „историски момент“.
Тој исто така тврдеше дека нема доволно време во неговиот напорен распоред за да си дозволи ручек.
По наредба на сопругата, советниците и лекарите, тој неволно почнал да јаде пладневни оброци за да има доволно енергија.
Кралот Чарлс, кој се опоравува од рак, инсистира дека за ручек ја има најздравата и најмодерната ужина што постои.
– Неволно, сепак, ја прифати препораката да изеде нешто за време на ручекот – всушност закуска. Јаде половина авокадо. Ова е многу важно, особено ако сте болни – изјавил изворот за Дејли Мејл.
Познато е дека кралот Чарлс се храни здраво, инсистира на органски произведена храна, а особено сака јајца. Тој пред три години за Би-Би-Си изјавил дека два дена во неделата избегнува месо и риба, а во тие денови избегнува и млечни производи.
Кралот нема да јаде тост од авокадо, како што имаат тенденција да прават милениумците, а исто така ќе се откаже од другата половина од авокадото.
Минатата недела, посинокот на Чарлс, Том Паркер Боулс, критичар на храна, откри дека кралот има штедлив пристап кон подготовката на оброците.
– Сè се рециклира. Ако нешто остане, ќе се претвори во нешто друго или ќе се појави на менито следниот ден. Ништо не се фрла – откри тој.
Последната книга за историјата на кралската диета открива дека неговата сопруга, кралицата Камила, јаде каша секој ден и ручеците ги одржува лесни – пилешка супа или чаден лосос – додека Чарлс за појадок јаде суво овошје и мед, а за ручек претпочита попладневен чај.
– Забавите за чај секогаш беа спектакл за нив. Сите се собираат, а на масата не се само колачи и бисквити, туку и сендвичи. Можеби ќе добиете дури и пржени јајца, откри Паркер Боулс.