Една од најпознатите светски манекенки Криси Тиген на својот Инстаграм профил објави фотографија од гинеколошка ординација. Под фотографијата таа ги потсети жените за важноста од редовните прегледи.
„Не заборавајте редовно да го правите ПАП тестот и прегледот на вашите гради, иако на светот му се ближи крајот“, напиша манекенката под фотографијата на која позира во хартиената прекривка, а на лицето ставила заштитна маска.
Објавата собра повеќе од милион лајкови, а фановите се воодушевени од тоа што Криси се труди да ја пробуди свеста за важноста на женското здравје.
Манекенката неодамна ги отстрани и имплантите од градите, бидејќи како што вели, подолго време имала потешкотии со нив, дури и при спиењето.