Кошаркарката Антонела Гонзалес, среде натпревар. отишла да ја надои својата 11-месечна ќерка.
Тоа се случило за време на пресметка во аргентинскиот шампионат помеѓу Томас де Рокамор и Велез Сарсфилд.
„Откако го завршивме разговорот со тренерот му реков дека ми е потребно малку време на клупата. Тоа е природно. Изненадена сум што околу нешто што е природно се крена ‘врева’ во јавноста. Но, среќна сум поради тоа. Се надевам дека ова ќе биде пример за сите мајки дека по бременоста и породувањето можат да се вратат на професионалниот спорт“ – вели Гонзалес.
Нејзиниот тим победил со 61:44 и скокнал на првото место на табелата. Антонела постигнала осум поени.