Во текот на досегашната кариера една од најубавите жени на Холивуд, Скарлет Јохансон променила многу стилови и фризури, но има една фотографија која е на интернет и која ќа ја прогонува додека е жива.
-Една година присуствував на доделувањето на Тони наградите, мора да имав 19 или 20 години, Сакав фризура како Џин Харлоу, но не излезе како што сакав. Изгледав како да сум ставила прсти во струја – искрена е глумицата.
Но, тоа не ја поколеба Скарлет во текот на својата кариера да експериментира со својата коса. Па така, таа беше и црнка, и со костенлива коса, а беше и “плавуша“ и црвенокоса. Исто така глумицата експирементираше и околу должината и различните стилови на косата.