Ќерката на супермоделот Хајди Клум (48), Лени Клум (17), се фотографирала за британското култно списание „Rollercoaster Magazine“. На фотографијата, малолетната Лени позира во раскопчано палто, а само со раката ја покрива градата.
Фотографијата ја крена јавноста на нозе, бидејќи девојчето се уште е малолетно.
„Дали е тоа воопшто легално? Таа има само 17 години“, напишала една коментаторка под фотографијата.
„Леле, па ова е нелегално!“, додал друг корисник.
„Девојко, зарем не си малолетна? Кој ти дозволува да правиш вакви работи? Каде е мајка ти?“, ја прозвале и мајката на Лени, Хајди. „Каква мајка е таа што дозволува нејзината малолетна ќерка да објавува такви фотографии“, ја обвинуваат Хајди.
„Таа е дете! Не треба да дозволите да биде сексуализирана на тој начин“, се нижат негодувачките коментари.