Балканскиот Полуостров, опремен со живописни плажи, прекрасни планини и низа антички знаменитости за истражување – пишува Форбс, е совршен за истражување и одмор, а изобилува со бројни неоткриени и неистражени убавини.
Некои градови, забележаа раст на туризмот во последните години, а за нив пишуваа и светските медиуми. Сепак, има многу други дестинации со слични неверојатни карактеристики за кои многу туристи никогаш не ни слушнале.
Меѓу петте најпотценети градови е и Охрид, македонскиот бисер покрај Охридското езеро.
Освен Охрид, на оваа листа на Форбс се најдоа и Добој (БиХ), Варна во Бугарија, Берат во Албанија и Ниш во Србија.