Светската фудбалска федерација (ФИФА), отвори истрага за тоа како познатиот турски готвач и месар Нусрет Гекче, влегол на теренот за време на прославата на Аргентинците по финалето на Светското првенство во Катар.
Многумина беа изненадени кога го видоа Гекче, познат како Солт Бае, познат турски готвач, месар и сопственик на ресторан, на теренот за време на прославата и церемонијата покрај Лео Меси и другите аргентински асови.
Камерите, како и бројните фоторепортери, го снимија како агресивно се шета меѓу аргентинските фудбалери, како ги вознемирува, го зема Златниот пехар во раце и го бакнува, дури и го влече Меси за ракав за да се слика со него.
Светското првенство во Катар е оценето како едно од најдобро организираните натпреварувања на планетата, но многумина овој упад на непоканет гостин го оценија како голем неуспех на организаторите.
Солт Бае веројатно ја постигна целта, сите зборуваат за него, и сигурно е дека не е загрижен што најголем дел од коментарите се негативни.
Аргентина ја победи Франција во финалето на Светското првенство по подобро изведување пенали и по трет пат во историјата стана светски шампион.
Even Messi knows salt bae is a hack pic.twitter.com/c457o1GnHt
— Z Bo (@zekedabolina) December 18, 2022