Иако беше критикувана за високите цени на картите, ФИФА користи секоја шанса да заработи од Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Така фановите ќе можат да купат парче трева од теренот на кој ќе се игра финалето на 19 јули, чиј домаќин е стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси.
Позната е и цената на парче трева – 450 долари. Продавницата на ФИФА објави дека парчињата ќе имаат големина од 17,5 со 17,5 со 17,5, но не е нагласено дали ова е во инчи, сантиметри или во милиметри.
„Поседувајте вистинско парче од фудбалската историја со автентичен дел од теренот од Светското првенство 2026, трајно зачуван во врвен акрил“, се вели на веб-страницата, додавајќи дека ова ќе биде достапно само за купувачите од САД и Европа.
Играчите и тренерите го критикуваа квалитетот на теренот на „МетЛајф“, кој обично користи вештачка подлога за натпреварите од НФЛ.
