Финската премиерка Сана Марин била на фестивалот „Руисрок“. Станува збор за рок фестивал кој се одржува секоја година на островот Руисало во Турку, Финска. „Руисрок“, основан во 1970. година, е вториот најстар рок фестивал во Европа и најстар во Финска.
Официјалниот Инстаграм профил на фестивалот објави црно-бела фотографија на која премиерот позира во шорцеви, маица, кожна јакна и чизми.