По 13 години пауза култната британска група “Џенезис“ се враќа на сцената со повратничка турнеја по Велика Британија која ќе започне во ноември. Неколку часа пред гостувањето во програмата на „Би-Би-Си“, на својот профил на Инстаграм тие го најавија враќањето.
Фронтменот на групата Фил Колинс кој има 69 години, овојпат нема да може да свири на тапани поради операција на грбот која ја имаше од порано, а замена ќе му биде неговиот 18-годишен син Николас, како и долгогодишниот соработник Дерил Стајмер.
Колинс е горд што буквално му ги предава палките на својот син, но вели дека и самиот ќе се обиде да отсвири одредени делови на некои од концертите.
Инаку, последен пат Џенезис беа на турнеја во 2007 година, кога прославија 40 години постоење.