Вечерва, во 21 часот, во Градскиот парк ќе се одржи концертот „Филхармонија на отворено“. Оваа година концертот е посветен на музиката на еден од најзначајните македонски бендови „Архангел“, во оригинална и автентична оркестрација на Џијан Емин кој е диригент на овој концерт, а со оркестарот ќе настапи и лидерот на „Архангел“ – Ристо Вртев.
-Сега, додека ги пеам песните во ваков амбиент, откривам нови работи, ми будат поинакви емоции од времето кога беа напишани. Се надевам дека со овој концерт ќе придонесеме нашиот град да биде уште поубав – вели Вртев.
Инаку, оркестрациите на песните се на Џијан Емин и тие ќе понудат поинаква звучна слика на песните од „Архангел“
Comments are closed.