Возачот на комбето од Италија во кое се возела првата заразена личност во земјава од коронавирусот се пожалил на кашлица и болки во градите, по што е изолиран во струмичката болница, информираше министерот за здравство Венко Филипче.
-Тој беше во домашна изолација и не контактирал со никој, дури ни со своето семејство – рече Филипче, посочувајќи дека во следните часови ќе бидат готови резултатите и ќе се знае дали и тој е заразен од вирусот.
Филипче додаде дека строгите епидемиолошки критериуми се исполнети за двата карневали и затоа тие ќе бидат откажани.
„Се што е нормално фунционирање на училиште или кино има релативно мал број на луѓе, односно нема потреба од забрана за посета“, изјави тој.
Министерот смета дека не е коректно во ваква ситуација да се зголемува цената на медицинската опрема и нејзината злоупотреба.