Крадци минатиот викенд упаднале во магацин на логистичка компанија во Дуизбург, Германија и од него украле неверојатна количина на работи.
Градската полиција во вторникот соопшти дека меѓу другото во магацинот недостасуваат 2.000 ЛЕД телевизори и 16.000 електрични четки за заби.
Крадците однеле и сеф тежок повеќе од 100 килограми. Се на се, штетата е проценета на 1,4 милиони евра.
Криминалците упаднале во зградата кршејќи заклучен прозорец.
Полицијата сега ги истражува индициите и ги разгледува снимките од надзорните камери, а во исто време апелира до можните сведоци да се јават – затоа што, имено, крадците сигурно неколку пати се враќале со толкав плен со камиони, пренесува dpa.