Несекојдневна сцена вчера била забележана во Белград, а како што се претпоставува, станува збор за расправија во сообраќај, која за малку можела да прерасне во физичка пресметка.
Имено, на снимката која е објавена на социјалните мрежи, се гледа како маж го запрел автомобилот и почнал со некого да се расправа.
Очигледно возачот бил изнервиран поради претходна ситуација, но за среќа не стигна до мотоциклистот затоа што можеше да се случи посериозен инцидент.
Бидејќи ова видео го направил некој кој се возел со градски превоз, не може да се слушне што изговара мажот за време на расправијата, но се гледа дека го ‘предупредува со прст’.
Меѓутоа, се слушаат вознемирените патници кои извикуваат: „Боже, ќе го убие момчето“.