На социјалните мрежи се шири бизарна снимка од Орегон, на која се гледаат двајца возачи како се закануваат со оружја во обид да се заплашат.
Имено, еден од нив, возач на пикап се заканувал и мавтал со самурајски меч пред друг возач кој мирно и без страв стоел.
„Самурајот“ поразен се вратил во својот пикап, додека претходно невооружениот возач се свртел кон својот автомобил и од багажникот извадил ловечка пушка.
Лицето кое го снимило видеото и кое претходно се слушнало како го поттикнува човекот со мечот, во тој момент го испуштил телефонот и заминал во непознат правец.
Локалната полиција изјави за Фокс њуз дека не добила никаков сличен извештај и дека нема доволно луѓе да истражат таков инцидент.
https://twitter.com/i/status/1457132340451237894