Македонскиот пратеник Антонио Милошоски објави фотографии од неговото петто дете Филип.
-Добро ни дојде дома, што убаво мириса на бебенце. Филип Милошоски. Како пресреќни родители ви пожелуваме секој да си дочека со најблиските, – напиша Антонио на својот Фејсбук профил.
Инаку, Милошоски минатата недела ја сподели веста дека по петти пат станал татко.
– Во ова тешко време за Македонија, нашето семејство посведочи една прекрасна благовест. Тивката Недела ни ја разубави бебешкиот плач на новородениот Филип, синот на храбрата мама Симона, најмалото братче на Илина, Михаела, Дариа и Давид Милошоски. Малку зборови има за да опишам колку сум радосен и возбуден како татко!
Дај Боже, што поскоро да го пребродиме заедно ова невреме и со таа мисла на сите Ви пожелувам многу здравје, и радосни вести за Вашите семејства и најблиските.