Национална арена „Филип Втори” ќе биде преименувана и ќе го носи името на починатата македонската музичка легенда, Тоше Проески, неофицијално потврдуваат од Владата. Како што објавија дел од некои медиуми, ваква иницијатива е поднесена од АД за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор.
Доколку Владата одлучи Арената да биде преименувана во Тоше Проески, ова ќе биде четврто прекрстување на Градски стадион.
Инаку како предлози се споменуваа „Национална Арена Скопје“ потоа „Национална Арена „Тоше Проески“ и Национална Арена „Петар Милошевски“.