Националната арена „Филип Втори“ од денеска го промени своето име во национална арена „Тоше Проески“.
Портпаролот на Владата, Миле Бишњаковски потврди дека Националната Арена се преименува во „Тоше Проески“, па „Филип Втори“ замина во минатото.
„Утрово на редовната 129-та седница на Владата донесовме одлука за преименување на стадионот во Национална Арена Тоше Проески, во чест на личноста која остави трен белег на македонската и регионална современа историја“, соопшти портпаролот на Владата.