Најмалиот пациент заболен со коронавирус во земјава, 14-месечното бебе е во стабилна состојба, информира министерот за здравство Венко Филипче на вчерашниот прес.
Тој рече дека на Инфективна клиниката има вкупно 68 пациенти позитивни на коронавирусот.
-На Инфективна има вкупно 68 пациенти, 8 се вклучени на респиратори во функција наскоро ќе биде и мобилната болница. Во 8 – Септември има 31 пациент, од нив 6 се на респиратори. Нови лабаратории наскоро во функција ќе идат во МНАУ и Судска медицина, изјави Филипче.
Министерот исто така истакна дека со апликацијата StopKorona! се помага во спречување на ширење на коронавирусот, како и во олеснување на работата на епидемиолозите во пополнување на анкетите.
-Ние сме во фаза кога го очекуваме пикот, кога идентификуваме заболени лица и ги ставаме во самоизолација. Со апликацијата се олеснува работата на епидемиолозите со замена на прашалникот кој го изработуваат.