Министерот за здравство д-р Венко Филипче потврди дека ќе се вакцинира со вакцина за Ковид 19 во денешното гостување во емисијата Магазин. Филипче упати апел до граѓаните дека станува збор за безбедна вакцина, а со вакцинацијата ќе се подигне имунитетот на населението насекаде во светот и животот ќе се врати во нормала.
-Aпсолутно да, ќе се вакцинирам. Да покажам и да докажам дека треба да се вакцинираат луѓето. Вакцините се сигурни ние го пратевме нивниот процес на развој и сите фази од клиничките студии. Тоа ќе биде тоа што ќе ја смени сликата во светот. Искрено верувам дека следната есен, следната Нова Година навистина нема да има потреба за мерки никаде во светот, дека нема да има рестиркции, дека вакцината значајно ќе го подигне имунитетот и животот постепено ќе се врати во нормала – изјави министерот Венко Филипче.
Министерот посочи дека нашата земја аплицираше преку Ковакс ситемот, и во тој систем аплицираат над 15 земји во светот, сите наши соседни земји освен земјите членки на ЕУ, кои имаа можност да направат директни договори со двата најголеми производители Фајзер и Астра Зенека.
-Сите вакцини кои што се развиваат во светот во овој момент се развиваат на сосем безбедни платформи.Тоа се платформи, дали се тоа RNK, педизвикувач итн.кои што се добро познати и на која што основа се развиваат сите други вакцини кои што се достапни за другите болести на морбили, HPV – изјави Филипче.
Тој посочи дека станува збор за еден сосем безбеден и веќе установен систем кој што компаниите многу добро го знаат и имаат експертиза и искуство.