Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција соопшти дека на барање на преседателот Стево Пендаровски, Комисијата за заразни болести изработи протоколи кои ќе важат за сите граѓани и партии на денот на гласањето.
При одржување на собирите мораат да се почитуваат сите овие мерки отворено и затворен простор да се користат разгласни уреди за да не се концентрираат масата на граѓани на едно место.
Одењето од врата на врата, строго да биде на дистанца да не се влегува во двор или во стан
Пултовите за рекламен материјал не треба да бидат собирни места за граѓаните
Пртискиот превоз согласност уредбата 50 отсот , каде треб да има маски и дез
На денот на изборите сите членови на избирачките одбори мора да имаат маска, прозорците мора да се отворени, а во просторијата да нема повеќе гласачи од бројот на боксови за гласање.
Гласачите мора да носат маска, која на кратко ќе ја тргнат додека се легитимираат. Дезинфекцијата на рацете ќе биде задолжителна при влез и излез од гласачкото место.
Како што кажа министерот, можна е и препорака гласачкиот ден да се продолжи.
На новинарско прашање министерот одговори дека ќе се бaра продолжување на вонредната состојба.
-Состанокот на Советот за безбедност е утре и ние ќе побараме продолжување на вонредната состојба за да имаме механизми за заштита, рече Филипче.
Министерот денеска ќе одржи средба со грчкиот колега на кој главна тема ќе биде начинот на патување во периодот кој следува.
Како што рече министерот многу е важно да има координиран пристап за транзит, посети, здравствени проколи кои ќе обезбедат брзо и безбедно патување во текот на летото.