Дефинитивната одлука дали престојниот викенд ќе има продолжен полициски час ќе се носи утре. Како што рече на денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче, во текот на утрешниот ден Комисијата за заштита од заразни болести ќе донесе одлука која што ќе ја проследи до Централниот штаб во владата.
– Го најавивме оваа недела отворањето на угостителските, но утре ќе знаеме дефинитивно, согласно стручните препораки. Утре ќе се знае и како ќе биде организирано и движењето за престојниот празничен викенд, рече Филипче.
-Првата битка ја добивме, но борбата не е завршена. Рестриктивните мерки се опуштаат пополека почнуваме да живееме понормално. Коронавирусот е тука и ќе остане додека не стекнеме колективен имунитет. Сите треба да се навикнеме на новата реалност. Приватните собири и прослави се најголемото место каде се пренесува заразата. Сите досегашни студии и епидемии покажуваат дека и вирусот ќе има втор бран. Се подготвуваме за новиот бран на есен, – изјави Филипче.