Министерот за здравство Венко Филипче информира дека ноќеска на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент заболен од коронавирус. Се работи за маж на 63 годишна возраст од Дебар, кај кого дошло до нагло влошување на состојбата.
Во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата.
„Денеска се прават шест контролни брисеви, а тројца пациенти се во потешка состојба – додаде министерот.
Од денес се во функција 14 центри за тестирање во целата земја. Сите близу 1.200 матични лекари ќе бидат вклучени во процесот.
Се размислува и за зајакнување на мерките, посебно за граѓани во ризична група кои се над 65 години.