Министерството за здравство Венко Филипче преку својот Фејсбук профил советува како правилно дома да се самоизолирате.
“Останете дома, освен во случај на итност. Доколку имате можност, работете од дома.
Одделете се од останатите во различни простории. Редовно проветрувајте ги просториите.
Доколку имате на располагање, користете посебен тоалет/бања. Во спротивно редовно дезинфицирајте го оној кој сите го користат.
Избегнувајте заедничко користење предмети за домаќинство како крпи за раце, постелнина, чаши, прибор за јадење.
Доколку нарачувате храна/продукти преку достава, друг член на домаќинството да ги превзема, избегнете контакт со доставувачот.
Бидете на безбедно растојание со другите помеѓу 1 и 2 метри.
Чистете ги површините во домот коишто најчесто ги користите.
Следете ги препораките за превенција од здравствените установи.
Доколку чувствувате исти или слични симптоми на грип, не посетувајте доктор, туку јавете се во центрите за јавно здравје“ напиша министерот на Фејсбук.