Во изминатите 24 часа се регистрирани 24 нови случаи на коронавирус во земјата – информира министерот за здравство Венко Филипче на денешниот прес.
По градови: Скопје (15), Куманово (4), Дебар (2), Охрид (1), Штип (1), Тетово (1). Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 201 лица.
“Има уште еден пациент кој е зарзен со вирусот, а поврзан со лекарката од Кожната клиника, рече Филипче.
“ На почетокот на април се очекува донацијата во респиратори од владата на Норвешка, а се преговара и за донација од Кина. Исто така следната недела се очекува донација од 500.000 заштитни маски и 20.000 тестови за коронавирус – информира министерот кој истовремено откри дека денеска се тестирани 14 здравствени работници.