Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција порача дека директорката на Клиниката за кожни болести Нина Цаца Биљановска ќе биде разрешена веднаш што се створат услови за такво нешто
„Ова што се соочивме денеска многу не разочара. Директорката ќе биде разрешена веднаш штом се создадат услови за такво нешто. Таа држела предавање на 103 лица, дел од нив се вработени во клиника. Сите се исконтактирани и кај сите е дадена мерка на домашна изолација. Имало и тројца доктори од Грција, а за тоа го известив и грчкиот министер за здравство“, истакна Филипче кој истовремено информираше дека салата каде се одржала конференцијата веќе е исчистена и дезинфицирана.
Министерот додаде дека во овој момент се испитуваат уште 8 пациенти – еден пациент со симптоми кој престојувал во Бугарија и неговата сопруга, патник од Сингапур, наш државјанин, кој се вратил дома, четвори лица кои биле во контакт со заразената двојка од Дебаре и еден пациент од Гевгелија.