-Проблем е што има луѓе кои даваат погрешни адреси, погрешни телефони и не ги примаат решенијата за самоизолација Размислуваме јавно да ги објавиме нивните имиња – вели министерот за здравство, Венко Филипче.
-Во последните денови често добивавме прашања за причините за смртност на пациентите, а станува збор за лица кои претходно имале хронични болести. Најголем дел од нив се лица над 60 години, кај кои се забележани хронични болести на кардиоваскуларниот систем и белите дробови и шеќерна болест.
-Вкупно во болниците има хоспитализирани 318 пациенти, од кои 95 на Инфективната клиника. Само 15 отсто од заболените пациенти се во болниците. Кревети има доволно. Главниот терет се во клиниката во Скопје и во болницата “8 септември“.
–