Министерот за здравство Венко Филипче на прес конференција денес информираше дека македонските здравствени власти разговарале со претставници на компанијата „Мерк“ за набавка на антивирусниот лек против Кови-19, за кој се очекува во петок Американската агенција за за храна и лекови да дозволи употреба.
– Разговаравме за новиот антивирусен лек со „Мерк“. Таков лек разива и „фајзер“, но за него не се завршени клиничките испитувања. Ова се лекови кои никако не ја менуваат вакцината. Не се одобрени. За лекот на „Мерк“ завршени се клиничките испитувања, а в петок американскиот центар ќе каже дали дозволува употреба. За „Фајзер“ клиничките испитувања не се завршени – рече министерот Венко Филипче, на денешната прес конференција.
Се работи за „молнупиравир“, за кој Министерството за здравство информираше дека ќе го набави уште во октомври. Тој е во форма на таблета и може да го примаат сите пациенти кои се позитивни на Ковид 19. Лекот се дава во првите пет дена од дијагностицирање на вирусот, а досегашните клинички испитувања покажуваат дека хоспитализацијата со овој лек е намалена за 50%.
Инаку, епидемиолошката состојба во земјава бележи зголемување на новите случај на Ковид-19, почнувајќи во периодот пред две недели. Анализите покажуваат дека процентот на новодијагностицирани случаи се зголемува во однос на минатите недели, односно е зголемен за 25 проценти – рече Филипче и додаде:
-Ваквиот раст може да се каже дека е очекуван имајќи предвид што се случува во земјите во регионот.
Бројот на пациенти кои се хоспитализирани бележи раст, истакна министерот, а во моментов има 518 хоспитализирани пациенти по долг временски период.
Според него, важно е што процентот на хоспитализирани во споредба со претходните бранови е намален. Сега е 6,4 проценти од 8.000 активни случаи.
– До крајот на оваа недела ќе заврши постапката за секвенционирање на вирусот за да видиме со каква мутација на вирусот сега е доминантна. Во однос на вакцинацијата до сега се аплицирани 1,6 дози вакцини, додаде Филипче.