Министерот за здравство, Венко Филипче преку социјалната мрежа Твитер предупреди за лажни електронски пораки, овојпат како официјални содржини од Министерството за здравство.
Филипче апелира да се игнорираат ваквите пораки, како што вели, пратени од лажна адреса која наликува на таа на Министерството, и појасни дека Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика веќе постапуваат по случајот.