На вечерашната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче ја објасни целата ситуација околу починатата жена од Куманови, која е прва жртва на корона вирусот во нашата држава.
“Пациенката во Куманово прв пат е прегледена со температура на 16 март. Биле поставени прашања и кажала дека не патувала во странство и немала контакти со странец. Следниот ден дошла со синот и повторно и двајцата кажале дека не се поврзани ниту со патување ниту со странци. Примаат третман. На 17-ти и 18-ти март примаат терапија. На 19 и 20 направени се во два наврати анализи на материјалот, на 19 на двајцата и тие се негативно. На 20 се повторува тестот на мајката, бидејќи имало потешка клиничка слика, и тој повторен тест е негативен. На 21-ви повторно се влошува состојбата што доведува до смрт. Посмртно тестот покажува дека има присуство на корона вирус. Тестот никаде во светот не е сто процентно сензитивен – информира Филипче на вечерашниот прес.
Инаку, на здравствените работници кои биле во контакт со пациентката им се прави епидемиолошка анкета.