Министерот за здравство, Венко Филипче во своето утринско обраќање во емисијата „ Утрински брифинг“ зборуваше за корона кризата со која се соочува државата
“ Во текот на вчерашниот состанок разговаравме за олабавување на некои мерки, но денеска се финализира таа дискусија. Треба да се финализира целиот детален план и препораките за функционирање. Целокупниот материјал е спремен, но кога ќе се прецизира датумот ќе се дискутира денес. Ние направивме еден наш автентичен модел според карактеристиките на населението. Две држави не може да се споредат една со друга. Сметам дека направивме прилично успешен модел на борба со вирусот. Попуштање на мерките да биде само во одредени градови и региони е тешко да се препорача, бидејќи од самиот почеток имавме пристап на национално ниво. Попуштањето ќе оди така“, изјави Филипче, во гостувањето во „Утрински Брифинг“ на „Слободна ТВ“.